Станува збор за добиена донација во вредност од 500. 000 долари од страна на една од најголемите светски донаторски организации за земјите во транзиција, америчката државна Асоцијација ” Ворлд медикал” со седиште во Детроит.
“ Пред шест месеци изработивме проект и аплициравме за добивање медицинска опрема, не постара од две години, што за наши услови е исклучително добра и современа опрема која ќе биде наменета за потребите во Одделението за хирургија, анестезиологија, педијатрија, ушното одделение”, вели потпаролот на Општата болница, д- р Сашо Василески.
Периодот на набавка на опремата ќе се совпадне со предвидената реконструкција на болницата која ќе започне во месец септември.