Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.
Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е опредлелен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци.
Претходно вечерва, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски првоосомничениот во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.
За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
Министерството за внатрешни работи, вечерва, распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.
Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР.
OhridNews
Фото: МИА