Патниците кои доцнат на училиште или на работа поради застој во њујоршките метроа, од претпријатието за јавен превоз можат да побараат потврда како оправдување која ќе им ја дадат на наставниците или шефовите.

Агенцијата „New York City Transit“ изјавила дека на патниците им издава оправдувањаза да можат да докажат дека не лажат и дека навистина задоцниле  со метрото.


Патниците барањето можат да го поднесат преку телефон, а агенцијата го проверува времето на доцнење и службената потврда ја праќа на e-mail во рок од 2 дена.

Агенцијата годишно издава 34.000 потврди за каснење.