Прославената водителка Опра Винфри се испробала во актерските води, бидејќи добила улога во Филмот “The Butler”, во кој игра неверна жена, а исто така снимила и провокативни сцени. Во драмата која ја потпишува Ли Даниелс, Опра го толкува ликот на Глорија Гејнс, а има неколку заеднички сцени со Теренс Хауард, кои се многу провокативни. Гледачите ќе имаат можност да запознаат една потполно нова Опра.

Инаку, Опра ја игра сопругата на главниот лик кој го толкува Форест Витакер. И додека од една страна е примерна сопруга, нејзината вистинска страна излегува на површина пред љубовникот. Според мислењето на оние кои ја виделе, водителката одлично се снаоѓала во улогата, а сцената во која разменува нежност со Хауард, како што рекла и самата ќе изненади многумина.