Во неодамна прикажаната емисија „Опра“ во која гости беа одгледувачи на кучиња, Опра Винфри силно заплака.



Неа пред неколку недели и умре кокер шпаниелот Софи, а моментот кој ги предизвикал солзите во нејзините очи, всушност требало да биде добронамерно изненадување. Имено, екипата која работи на шоуто одлучила да ја изненади водителката, со припремање на мозаик со филмови и фотографии на Софи, но го прекинале кога виделе колку Опра се вознемирила.