Медиумскиот магнат, Опра Винфри, се пошегувала дека ќе се пресели на некој од хавајските острови доколку нејзината ТВ мрежа “Own” не работи успешно. Таа открила дека сериозно ќе се посвети на органското земјоделство ако нејзината работа со медиумската мрежа не биде успешна во иднина.
Извор близок на водителката рекол дека нејзин сон отсекогаш бил да работи на фарма на хавајскиот остров Мауа. Таа поседувала куќа на голема земјишна површина надвор од градот, а во последниве шест години стекнала уште повеќе земја која е погодна за земјоделско производство.