Водителката подарила околу 4,5 милиони евра на организациите кои се бават со решавање на проблемите во американските училишта. Американското школство веќе со години е во криза бидејќи нивните млади во споредба со оние од другите земји имаат многу полоши резултати.
Нејзината организација „Ејнџел Нетворк“ парите ги донирала за време на нејзиното шоу. Таа во емисијата која се снимала во понеделникот го угостила вториот најбогат човек на светот Бил Гејтс. Расправале за реформите во школството, а водителката ги објавила имињата на организациите на кои ќе им припаднат парите.