Американската ТВ водителка Опра Винфри е најхуманата личност во светот на славните, а преку својата фондација до сега за образовни програми и заштита на жените и децата дарувала 40 милиони долари. Опра, која и самата пораснала во сиромашни услови, денес е на врвот на најхумани лица на светот, според податоците на националната филантропска друпа.


Писателката Нора Робертс е на второто место. Таа за поддршка на развојот на книжевноста и писменоста во неразвиените земји дарувала 4,45 милиони долари. На третото место следи актерката Мерил Стрип која подарила 4 милиони долари за поддршка на уметноста.