Иако многу луѓе сметаат дека Лејди Гага ја имитира Мадона, таа со заработката во 2009 година успеала да ја надмине кралицата на попот. Со својата заработка се наоѓа на четвртото место на листата на Форбс на најбогати жени во шоубизнисот, а Мадона е веднаш зад неа благодарение на големата турнеја на која заработувала по околу 5 милиони долари од концерт.


На врвот на листата и понатаму се наоѓа Опра Винфри. Таа заработила огромно богатство благодарение а своето популарно шоу, а за следната година и предвидуваат уште поголема заработка бидејќи планира да го прошири своето медиумско царство. Втора на листата е Бионсе, која заработила од својата турнеја, од својата модна линија како и со појавувањето како заштитно лица за кампањата на Лореал. На третото место со својата успешна повратничка турнеја се нашла Бритни Спирс.