Опра е најмоќната жена во шоубизнисот, но исто така и најбогата холивудска личност. Нејзините емисии ги гледа цела Америка, а името и е познато и низ целиот свет. Таа и оваа година е на првото место во изборот на списанието „Форбс“ за најбогата личност во Холивуд. Таа оваа година остварила заработувачка од 315 милиони долари, поради што цифрата од 210 милиони долари која ја инкасирал режисерот Џејмс Камерон се чини незначителна.


Водителката сега се спрема да лансира и свој телевизиски канал „OWN“, што несомнено и во наредните години ќе и носи сериозен профит, како и своевидно владеење на американското медиумско небо. Режисерот на „Аватар“ Џејмс Камерон може да биде задоволен со второто место, додека на третото место се најде уште еден режисер, Тајлер Пери со заработка од 125 милиони долари во 2010 година.