Американската телевизиска водителка Опра Винфри медитирала со 400 жени и разговара со младите за своето духовно патување. Популарната медиумска ѕвезда во средата се приклучила на група жени на трансцендентална медитација во едно училиште во Ферфилд, во американската држава Ајова.


Претставничка на училиштето изјавила дека никој не знаел дека ќе дојде се додека не се појавила со својата телевизиска екипа. По медитацијата, Опра Винфри разговарала со учениците за своето духовно патување. Уверена во позитивните ефекти и корисноста на медитацијата, таа често во своите емисии ги поттикнувала гледачите, но и нејзините соработници да се бават со неа.