Опра Винфри ги демантирала гласините дека е во лезбејска врска со Гејл Кинг. Гласините почнале откако се појавило видео со нивното кампирање во националниот парк Јосемит. Целата авантура ја снимила екипата од нејзината емисија, сметајќи дека со тоа ќе поттикнат што повеќе семејства да одат на кампирање.


Ситуациите снимени на видеото Опра ги коментирала на тој начин што за Гејл рекла дека е нејзина најдобра пријателка, додавајќи дека таа се грижи за животот на Опра повеќе отколку Опра самата.