Опра Винфри конечно го заврши снимањето на своето долгогодишно шоу и зеде време за одмор. Бидеjќи повеќе не им се обраќа на обожавателите од своето студио, водителката почнала почесто да пишува на Твитер профилот.
“По цел ден сум во пижами. Си ги кратам врвовите од косата за летниот одмор и ги читам сите ваши мејлови“, напишала по емитувањето на големото финале на шоуто.
“Секој од вас има свој сопствен простор на делување. Мојот е сцената и студиото. Вашиот простор е оној во кој можете да помогнете некому, да му простите, слушате, лечите некого, бидејќи имате моќ да промените нечиј живот“, рекла Опра во финалето и заклучила: “Нема да речам збогум, ќе речам догледање.“