Опра Винфри заплакала кога ги читала имињата на првите матурантки од нејзиното елитно училиште во Јужна Африка. Водителката одржала говор кој допрел до срцата на сите присутни. Ова училиште го отворила во 2007 година за да може да им овозможи на сиромашните девојки квалитетно да се образуваат.

-Никогаш не сум била повеќе горда отколку што сум сега. Пресреќна сум што можам да се наречам ваша мајка-рекла водителката и се заблагодарила на сите кои им помогнале на девојките во текот на нивното образование. Во саботата сите биле облечени во бели фустани.
Една од девојките и се обратила на Опра:
– Мајко Опра, ти благодариме што ни покажа дека не сме само девојки, туку сме девојки кои имаат цел на овој свет.