Популарната ТВ водителка Опра Винфри, инаку позната по строго чуваната приватност, ги изненадила сите, допуштајќи на камерите да ја снимат без шминка, во када, па дури и зашеметена.
На овој чекор се одлучила бидејќи сакала на гледачите да им овозможи нецензуриран поглед во светот на шоу бизнисот.
Камерите ја снимаат опра ненашминкана и штотуку разбудена, како наутро си припрема доручек во својата кујна, или легната во својата када. На снимателите им овозможила да ја снимаат зашеметена по извршениот колоноскопски преглед на цревата, бидејќи претходно примила Валиум, а додава дека и се допаднало чувството од делувањето на лекот.
Исечоците може да се погледнат на нејзините интернет страници, а комплетниот прилог ќе биде емитуван во првата емисија во оваа година.