Орпа Винфри, во чија емисија Ријана неодамна се исповедала и признала дека го сака Крис Браун и покрај тоа што ја претепал, дала свој благослов на овој пар кој деновиве ја продолжил својата романса.

Опра изјавила дека се восхитува на моќта на Ријана да му прости на Браун што ја претепал пред три години, и смета дека обајцата ја научиле лекцијата од ова болно искуство. Винфри рекла дека не ја осудува пејачката што му дала втора шанса и додала дека таа има големо, отворено срце преполно со прошка.