Советниците од СДСМ, Вмро – НП, ЛДП и НСДП, поднесоа барања до градоначалникот Никола Бакрачески и до претседателот на советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска, дневниот ред на седницата што треба да се одржи на 13- ти март да се дополни со уште две точки- разгледување на одлуките кои се однесуваат на Плаошник и Студенчишкото блато.
– Заради се поголемиот револт кај граѓаните и заради актуелноста на проблематиката која се однесува на спроведување на урбанистичкиот план кај Плаошник како и аспирациите за урбанизација на Студенчишкото блато бараме дневниот ред да се дополни со бараните точки. Од претстедателката на советот бараме да достави уредна покана до министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска и до претставникот на Хидробиолошкиот институт, Трајче Талевски. Ако било кој од претставниците не се одважат и не дојдат од било која причина неприсуството не го одлага барањето за ставање на точката на дневен ред, наведуваат во своето барање советниците од опозицијата.
Тие од градоначалникот Бакрачески, освен да ја предложи точката на дневен ред, бараат и да присуствува на седницата со цел да реферира за состојбите и ги пренесе ставовите на ресорните министерства.
OhridNews