Опозицискиот фронт го предводи најголемата опозициска партија СДСМ, а на платформата за заедничко опозициско дејствување, свој потпис имаат ставено и лидерите на НСДП, ЛП, Нова алтернатива, Партија на слободни демократи, Движење за национално единство на Турците, Демократскиот сојуз на Власите, Сојузот на титови леви сили, Партијата на пезионери, Граѓанско-либералната партија, Зелена партија и Прогресивна партија.
Платформата на опозицискиот фронт, предвидува заедничко промовирање на евроатлантските интеграции, заедничко работење и понуда на алтернативни предлози и решенија за излез од економскиот пустош, спротивставување на владината политика што создава меѓуверска и меѓуетничка поделба и битка против сите обиди за задушување на демократијата и на притисоците и партизацијата на институциите и на медиумите.