21-та таканаречена политичка „бомба“ од процесот што македонската опозиција го нарече „Вистината за Македонија“, ќе биде објавена денеска во Охрид.

Покрај објавата на нови прислушкувани разговори, кои според најавите ќе се однесуваат на Охрид, опозцијата попладнево ќе организира и протестен марш.

Во меѓувреме, во Брисел, вчера, се одржа втората рунда од преговорите за излез од политичката криза помеѓу претставници на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ и најголемата опозициона партија СДСМ, со посредство на тројцата членови на европскиот парламент, која заврши  без конкретен договор.

Во кусото соопштение од средбата се наведува дека сите учесници на состанокот во Брисел се договориле дека разговорите треба да продолжат.

OhridNews