Советниците од опозицијата денеска доставиле официјално барање до претседавачот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, на 38-та седница на дневен ред да бидат ставени како посебни две точки, информација за реализација на ДУП кај локалитетот Плаошник и информација за урбанистичките планови за Студенчишко Блато.

Расправата за наведените точки беше иницирана и на последната седница на советот од страна на советникот Дејан Блажески од ЛДП, која беше поддржана од опозициските советници. Предлогот не беше прифатен од мнозинството во советот, а претседавачот најави дека овие точки ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница.

Опозицијата, исто така, побара на седницата на која ќе се расправа по предложените точки да присуствува министерот за транспорт и врски и експерти од Хидробиолошкиот завод и претставници на еколошките друштва.

Од локалната самоуправа тогашм изјавија дека ваквото барање е легитимно, но не се јасно образложени причините. Оттаму за најавената иницијатива уште посочија дека општината ги носи урбанистичките планови транспарентно, согласно закон, и во согласност со долгорочните планови и визија за развој на градот. 

OhridNews