Советниците од ВМРО ДПМНЕ имаа забелешка и на предложениот состав на управните и наздзорните одбори на јавните претпријатија, во кои според нив имало многу партиски и роднински врски. Персоналниот состав на контролните органи на јавните претпријатија доби зелено светло од мнозинството.
Советниците упатија критики за извештајот на Секторот за туризам и локален економски развој, кој како што беше кажано не ги содржел сите потребни податоци за реализираните активности, а забешешки имаше и за летниот режим на сообраќај, кој на сила стапува на 1 јули.
На третата седница на Советот што се одржа денеска на дневен ред беа вкупно 25 точки, меѓу кои и одлуката за донесување Детален Урбанстички План за урбана заедница 1 урбан блок 1.3 опфат 1 2007-2012 година за просторот кај градското пазариште која беше донесена едногласно.