Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот, велат од ВМРО ДПМНЕ, по изјавата на министерот за здравство Венко Филипче за понудената оставка до премиерот.
Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче. Овој народ виде оставки кои не беа чин на одговорност туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашкоски. Потребна е вистинска одговорност, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Со реакција и од Алијанса за Албанците. Велат оставките се задоцнети, обвинителството да дејствува итно.
Овие задоцнети оставки се обид да се оправда нефункционалната влада која мора да поднесе оставка до последниот. Ова е тактика на неодговорните функционери да ја покријат својата вина, брзање да го амортизираат револтот на граѓаните и игра да избегаат од одговорноста. Во минатото видовме случаи што завршија со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели, но без никаква кривична одговорност. Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи и ги изгоре срцата на сите нас. Овој случај не смее да остане без правда и без одговорност, велат од Алијанса за Албанците.
Го повикуваме обвинителството да не подлегне на политички игри, да дејствува итно и да не дозволи ниеден од осомничените да избега“, истакнуваат од Алијанса за Албанците.
OhridNews