Опожарено возило ноќеска во Пештани. Дојавата е примена во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид неколу минути по полноќ.

Ноќеска во 00:15 примена е дојава за запалено возило. ТППЕ Охрид интервенираше со едно возило и три пожарникари, информираат.

Од СВР Охрид појаснуваат дека станува збор за патнички автомобил „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 35 годишно лице од Скопје.

Возилото во кое избувнал пожар било паркирано во охридското село Пештани, покрај регионалниот пат Охрид-Св.Наум. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, велат од СВР Охрид.

Додаваат дека по насока на јавен обвинител, врз моторното возило ќе биде извршен вештачење.

OhridNews

фото. ТППЕ