На 31.10.2024 во 17.36 часот, во СВР Охрид е пријавено дека била опожарена езерска трска во водите на Охридското Езеро, во близина на охридското село Пештани.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.

OhridNews