Во текот на вчерашниот ден во ОВР Струга пријавен е пожар на трска на брегот од Охридското Езеро.

На 20.03.2024 во 11.15 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар на површина со трска во државна сопственост покрај брегот на Охридското Езеро на патот помеѓу Струга и струшкото село Калишта. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на Јавен обвинител бил извршен увид од полициски екипи.

OhridNews

фото. Архива