Во текот на вчерашниот ден во ОВР Струга пријавен е пожар на трска на брегот од Охридското Езеро.

На 23.03.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека покрај брегот на Охридското Езеро, на патот Струга-Калишта, настанал пожар на трска на брегот, на парцела сопственост на Република Северна Македонија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од екипа на Територјалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат, вели Димоски, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Струга.

OhridNews

фото. Архива