Попладнево, околу 18 часот, избувнал пожар кој зафатил делови од трската и ниска вегетација помеѓу авто кампот „Андон Дуков“ и Св. Еразмо. Интервенирала противпожарната служба од Охрид, со едно возило, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Трската во оваа област се опожарува секоја година. Се претпоставува дека причина е човечки фактор, заради обработка на нивите кoи се наоѓаат на овој потег.

Претходно случаи на опожарување на трската беа забележани на западното крајбрежје, помеѓу градот Струга и Калишта.

OhridNews