Утринава, околу 4 часот и 30 минути избил пожар во продавницата која се наоѓа во центарот на село Лескоец.

Пожарот бил навреме забележан и пријавен во Противпожарната единица. Службите веднаш реагирале и пожарот бил саниран, без употреба на вода. Материјална штета не е предизвикана.

Причина за пожарот бил голем напон во електричната инсталација.

OhridNews