Во полициската станица Струга, вчера, во 2.30 часот, од страна на 77-годишен жител на струшкото село Ложани, е пријавен пожар кој ја зафатил неговата куќа и плевна.

Од извршениот увид, констатирано е дека изгореле повеќе апарати за домаќинство, земјоделски машини и алати, амбари со пченка и пченица и домашни животни. Натамошното ширење е спречено со интервенција на пожарникарите кои со две противпожарни возила, го локализирале и изгаснале пожарот, информираат од СВР Охрид.

Утврдено е дека причина за пожарот е стара и дотраена електрична инсталација.

OhridNews