Во голем пожар кој избивнал попладнево целосно изгорел објект кој се користел како шупа во населбата Рача. Според информациите од Охридската противпожарна едница, пожарот бил пријавен во 17 часот и 10 минути, по што екипа на пожарникари веднаш излегла на терен.
-Поради брзата интервенција на пожарникарите, огнот за кратко време е локализиран и ликвидиран. Во пожарот нема повредени и причинета е само материјална штета, информираше Спасе Прентоски, командир на Противпожарната единица од Охрид.
Исто така во текот на денешниот ден охридските пожарникари имале интервенција и на уште еден голем пожар на потегот помеѓу селата Расино и Вапила, каде биле опожарени околу 20 хектари ниска шумска вегетација.
Пожарот бил пријавен околу 12 часот, а по неколкучасовната интервенција на пожарникарите, истиот е ставен под контрола и локализиран.
OhridNews