Опожарен оџачки канал денес напладне на зграда на булевар „Туристичка“. По добиената пријава на терен интевренираше екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.
Опожарен е оџачки канал во зградата. Интервенирано е со едно возило и четворица пожарникари, информира командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски.
Постојани се апелите од надлежните за редовно одржување на оџачките канали, но бројките говорат дека години наназад има скоро исто случаи.
Според Правилникот изготвен од Дирекцијата за заштита еднаш месечно во сезоната за греење и еднаш вон сезоната за греење треба да се чистат оџаците на објектите на органите на државна управа, единиците на локална самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите за заштита и спасување од пожари на луѓето, додека двапати месечно во периодот во сезоната за греење и еднаш вон сезоната за греење за домаќинства. Еднаш годишно предвидено е и чистење за вентилационите канали и отвори, за резервни оџаци со приклучоци во зградите што користат парно, воздушно и водено централно греење.
Н.С.Ј.