Воведувањето на систем за безбедност на храна – HACCP, од денеска е задолжително за сите компании кои се занимаваат со производство и продажба на  храна од растително потекло, додека за храната од животинско потекло, според Правилникот за ветеринарно здравство, поседувањето на овој систем што гарантира безбедна храна ќе биде задолжителен од 1 септември годинава.

Воведувањето на HACCP системот е законска обврска од 1 јануари годинава, а компаниите имаа уште 4 месеци да ги отстранат недостатоците на кои им укажуваа инспекциските служби.

Инспекторите во првите четири месеци од годинава беа толерантни кон операторите со храна, ги контролираа и ги советуваа, но не казнуваа. Од 1 мај законот предвидува ригорозен надзор, глоби од 500 до 5.000 евра и затворање на производствените погони или продажните места.

Ohridnews