Организацијата на потрошувачи на Македонија и медиумите почнуваат поблиска соработка, со цел подобро запознавање на граѓаните при купување на добра и услуги.
–Во ерата каде што информацијата е најсуштествениот ресурс, од особена важност е контактот со новинарите, бидејќи тие умеат да ги распространат информациите и да стигнат до огромен број потрошувачи. Oрганизацијата на потрошувачите на Македонија – OПМ, одвои 10 теми за кои смета дека потрошувачите треба да бидат подобро запознати. – информираат од ОПМ.
ОПМ и медиумите во наредниот период преку едукативни објави ќе ги информираат потрошвачите за: Правилна исхрана, Нутри читање, Труење со храна, Правата на патниците кога патуваат со авион, Застареност, Правата на патниците кај договорите за патување, Договорите склучени надвор од деловните простории, Дигитален пазар, Финансиски пазар, како и за очекувањата за поголема заштита со новиот закон кој е во фаза на предлог.
Деновиве во Скопје се одржа средба на претставници на ОПМ и медиумите, од која, како што е најавено, ќе произлезат истражувачки стории на темите кои ќе бидат во фокусот на соработката.
OhridNews