Најголемата спортска манифестација во Македонија од година во година го губи својот сјај. И покрај тоа што оваа година организациски помина подобро од минатата сепак во моментов маратонот е далеку од оние златни времиња кога охриѓани дишеа за маратонот, а на целта на градското пристаниште повеќе илјади туристи се туркаа да го видат победникот. 


Причина за тоа  сигурно има и во поместувањето  на терминот кој охриѓани го паметат, а тоа беше последната недела во август, со што и се означуваше крајот на летната сезона. Пред четири години прво терминот се помести во јуни, за да во последните две години тој се одржува во шпицот на сезоната во јули.


Неколку годнини  наназад ниту пак Македонската Телевизија не го пренесува овај настан во живо.

фото : Емилио

М.П.