Заклучно со 19.12.2021 во државава пријавени се вкупно 221 411 случаи на COVID-19. Во Охрид во моментов се регистрирани 232 активни случаи на Ковид 19.

Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 во Охрид е 54,2 %. Кај населението над 12 години опфатот е 61,5 %, а 66,3% кај население над 18 години, велат податоците во последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Со една доза на вакцина против COVID-19, во државата и странство, вакцинирани се 50,4% од населението над 18 годишна возраст, односно 46,6% од население над 12 годишна возраст, додека над 18 години вакцинирани се 40,6%.

Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 48,9%, односно 45,1% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население на ниво на држава изнесува 39,4%.

Со трета доза на ниво на држава вакцинирани се 89 546 лица.

Опфатот кај работноспособното население (18-64 години) со една доза на вакцина изнесува 46,5% додека со две дози вакцинирани се 44,7%, односно 2,9% вакцинирани со трета доза.

Најголем дел од лицата вакцинирани со две дози припаѓаат на возрасната група од 25- 49 години.

OhridNews