Речиси четири години поминаа од страотната на Михаел Шумахер при скијање, а освен неговите најблиски никој не знае за неговата здраствена состојба.
Од малкуте информации кои стигнуваат до јавноста кажуваат дека фамилијата негова направила се што е во нивна моќ за опоравување на седумкратниот шампион во Формула 1.
Како што пренесува шведскиот весник „Ескпресен“, најблиските на Шумахер одлучиле за операција на главата која ќе биде последна надеж.
48-годишниот Шумахер многу брзо ќе се пресели во Далас и за неговото здравје ќе се грижи Јулијан Микс кој е еден од најдобрите невролози во светот.
– Имам големо искуство со такви повреди и пациенти. Не верувам дека некој друг во Европа и светот лечел повеќе пациенти со такви повреди од мене, затоа се нафаќам да го водам здравјето на Шумахер. – изјавил докторот.
Шумахер настрада на крајот од 2013 година удирајќи се во карпа при скијање со неговата фамилија во Гренобл, Франција. Во јавноста протекоa многу информации, но никоја не беше потврдена од најблиските од легендарниот Ф1 пилот.
OhridNews