Интересен спој на опера и  џез синоќа имаа можност да го почувствуваат околу 2000 присутни на концертот на водечкиот светски сопран, американката Барбара Хендрикс на Античкиот театар.


опера џез на Антички

Хендрикс во Охрид ја придружуваше шведскиот квартет Магнус Линдгрен, со кој настапува вќе пет години. Тие заедно изведоа познати џез дела од Били Холидеј, Дјук Елингтон, Џорџ Гершвин и други.

Во Охрид имам џез концерт, но би сакала да се вратам тука повторно и да настапам со класична музика“, изјави Хендрикс  на средбата со новинарите вчера. Барбара Хендрикс се смета за една од најголемите ѕвезди на годинешново Охридско лето.

Г. Момироски