Охриѓани и посетителите вчера во центарот на градот можеа да ја запознаат новата убавица на Опел. Компанијата „Опел Старт“ го презентираше најновиот модел на  монововолуменското возило „Мерива“. Новата „Мерива“  има уникатен надворешен дизајн. Внатрешноста е елегантна, но едновремено нуди чувство на пространост, што заедно со внимателно дизајнираниот ентериер го прави ова моноволуменско возило исклучително. Сите кои ја пропуштија презентацијата повеќе информации за новата „Мерива“можат да добијат во салонот на „Опел Старт“ на патот Охрид – Скопје кај Св. Еразмо.


„Опел – Старт“ ја претстави новата „Мерива“ во Охрид

OhridNews
фото: М. Постоловски