Двајца мажи опасно висеа на задниот дел од камион на патот Струга – Охрид. Со нозете се потпираа на браникот, и се држеа на задниот поклопец од приколката и импровизираната церада која го „криеше“ товарот – најразличен отпад. Не беа премногу возбудени од реакциите на луѓето во возилата што поминуваа покрај нив, кои со неверување го гледаа ова опасно возење.