Опасните метеоролошки појави ќе се зголемат за четири пати
09.07.12 11:12
Временските неприлики, предизвикани од промената на климата во вид на загревања и ладења ќе предизвикаат сериозни проблеми на нашата планета во овој век, а првите знаци се видливи секојдневно, предупредуваат научниците.
Шефот на програмата на метеоролошкиот и на енергетскиот Светски фонд на дивата природа на Русија, Алексеј Кокорин наведува дека бројните временски неприлики, како што се обилните дождови и топлотните бранови, ќе бидат сè почеста појава во иднина, пренесува „Макфакс“.
Експертите проценуваат дека во наредните 20 години опасните метеоролошки појави ќе се зголемат за четири пати.
На пример, во овој момент, бројот на таквите случаи во споредба со 1960 година се зголемил за неколку пати.
Прогнозата за непрекинатото загревање на планетата сепак не се потврдува, веќе во научните кругови сериозно се разгледува можноста до крајот на векот да дојде до сериозно заладување.
За тоа сведочат промените во Арктикот. Во наредните сто години, мразот на Арктикот ќе биде или подебел или потенок, односно ќе биде поладно или потопло, но на крајот на 21 век ќе настане општо заладување, наведуваат научниците.
Неодамна на дното на Арктичкиот океан е откриено големо истекување на метан, кој се подигнува во атмосферата и го топи мразот.
Научниците стравуваат дека поради тоа на подрачјето на арктичкиот лед температурите би можеле да пораснат, што би можело да влијае врз глобалната клима.
Уште пред две години, руските научници откриле дека Источно-Сибирската арктичка област е најголем извор на метан. Студиите покажале дека емисијата на метан на овие простори може да се спореди со емисијата во сите останати светски океани.
И денеска сме сведоци на последиците на топлотните удари предизвикани од промена на климата. Во Шпанија горат над илјадници хектари земјиште. Во Валенсија голем број од жителите се принудени да ја напуштат својата татковина. Пожарот се гаси и од земја и од воздух.
Во Австрија веќе две недели паѓа дожд која предизвика лизгање на земјиштето во покраината Штарејска и Корушка, наведуваат агенциите.
Во Русија поплавите однесоа повеќе од 170 животи, додека во одредени делови на САД температурите уриваат рекорди.
Државниот инспекторат за земјоделство излезе со соопштение по добивањето на известувањето од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF – Window) од Република Хрватска во врска со пратка на свеж ке...
Српската заедница од Охрид, во понедeлник, 27-ми јануари, во 14:00 часот во хотел „Сити Палас“, ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава Во организациј...
Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025 година“ и обврските до 23 јануари до Министерството за животна средина и просторно планирање извештаи доставиле дел од општините Како што посо...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.