Во текот на ноќта на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале 08 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.

Во Охрид регфистрирани се три случаи, во Кичево 4, Дебар01. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Исто така ноќеска, во 01.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека претходно вечерта на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, по претходна расправија, настанала физички пресметка помеѓу неколку малолетници, која продолжила и на булеварот „Туристичка“, при што се вклучиле и други лица.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

OhridNews