Во исчекување на граѓаните на Охрид  конечно да завршат и последните активности за асфалтирање на улицата “Железничка” и сообраќајот да почне непречено да се одвива по истата улица, деновиве се појави нов проблем. Како што кажуваат жителите од улицата, на коловозот има повеќе скршени шахти кои претставуваат голема опасност за учесниците во сообраќајот.


-Оштетените шахти ниту некој ги поправа, ниту истите се обележани со цел да се одбегне несреќа, до која лесно може да дојде доколку некој велосипедист, автомобил или пешак не ја забележи скршената шахта, велат жителите, кои апелираат до надлежните што поскоро да ги санираат оштетените шахти.


Опасни  шахти на „Железничка“

OhridNews
фото: Ванчо Ристески