Иако се од понов датум, изградени пред само 15 години, двата дрвени моста на реката Црн Дрим во Струга се пред распагање, а поминувањето преку нив е навистина опасно.
Стружани раскажуваат дека на овие мостови често се случуваат несреќи. Пред две-три години од дрвениот мост паднало дете, но благадорение на присебната реакција на родителите тоа било спасено.
Инциденти има и во поново време предупредуваат граѓаните кои се револтирани на надлежните органи бидејќи не ги одржуваат мостовите.
Од Општина Струга потенцираат дека надлежни за одржување на целата инфраструктура околу реката Црн Дрим е Хец Глобочица односно сегашно ЕЛЕМ. Поради неисполнување на обврските, општината веќе има поднесено тужба против ЕЛЕМ, затоа што повеќе од 20 години не е вложено ништо во одржувањето на инфраструктуртата на реката Црн Дрим, велат од локалната самоуправа.
Друг проблем претставува и недисциплината на граѓаните кои не ја почитуваат забраната за поминување преку дрвениот мост со што сериозно си го ризикуваат животот. Опасноста се очекува наскоро да биде отстранета бидејќи ХЕЦ Глобочица најави санирање на оштетените мостови на Црн Дрим.
Мики Трајковски