-Особено сакаме да реагираме за опасните дупки на влезот во Лагадин, кои се наоѓаат токму на средина од патот и кои никако не можат да се одбегнат поради кривината и стеснувањето на патот. Секое одбегнување е поопасно по безбедноста на патниците . Патем, тука е и најголемото стеснување на патот кон Охрид-Свети Наум и со тоа опасноста при возењето е уште поголема, се вели во реакцијата.
Здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ упати јавен повик до надлежните во локалната и централната власт, итно да им наложат на нивните служби да ги санираат овие опасни дупки кои можат да доведат и до несакани трагедии.