Руперт, кој веќе напаѓал деца и кучиња, побегнал низ дупка на оградата. Желката често и бега на својата сопственичка Џин Погсон (77). Нејзината ќерка, Џојс, вели дека овој северноафрички миленик знае да стане многу опасен и ги предупредува соседите да не му се приближуваат.
– Советувам да внимавате ако му приоѓате, бидејќи може да ве гризне. Повеќе од времето е добар, но ако не е расположен, може да биде непредвидлив-изјавила Џојс.


Руперт им го покажале на децата од Чернобил кои дошле во посета а претходно никогаш немале видено желка. Тој гризнал едно од децата и оставил лош впечаток за сите желки. Во меѓувреме додека Руперт е во бегство, неговиот 43-годишен пријател Фред, исто така желка, тагува и не јаде баш најдобро.