Возачите реагираат дека новата светлечка реклама поставена на патниот правец Охрид – Св. Наум кај х. „Гранит“ пред Нова година го отежнува одвивањето на сообраќајот ноќе. Силното светло од троделната светлечка реклама, велат тие, буквално ги заслепува учесниците во сообраќајот и ги доведува во опасност. Веројатно вакви забелешки немаше да има доколку овој прометен патен правец беше соодветно осветлен, со што впечатливата реклама нема да им пречеше на возачите.


Силното светло од реклама ги заслепува возачите

Ohridnews