При градежни работи реализирани од јавно претпријатие пред околу еден месец, оштетен бил влезот во населбата Рача кој се уште не е саниран, се жали месното население. Рачанци предупредуваат на опасните последици кои може да ги предизвика проблемот на кој укажуваат.
Дневно овој влез/излез се користи од десетици возила, а во летниот период и неколку стотини и е прилично опасно место на овој дел од патот каде неколку лица ги имаат загубено животите. Да не зборуваме колку ризично е да се влезе или излезе тука со возило бидејќи се вози со големи брзини и покрај ограничувањето од 60км/ч. Прегледноста од каде наидуваат возилата е буквално непостоечка. – вели жител на населба Рача, кој сакаше да остане анонимен.
Жителите на приградската населба Рача, бараат итна реакција од надлежните и санација на оштетувањето на најпрометниот влез во населбата, бидејќи, како што велат, состојбата од ден на ден се влошува.
OhridNews