Група малолетни деца има необично место за дружење. Нивното собиралиште е во дрвена куќичка на крошна од  дрво во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“. Велат дека не се плашат да се качуваат толку високо, но затоа само еден поглед кон нив од земја ќе ви ја заледи крвта во вените. Се качуваат еднакво брзо, како и што се симнуваат од високото дрво. Кажуваат дека им е забавно и дека внимаваат да не се повредат. Но внимава ли некој на нив, училиштето на пример. Знаат ли родителите на учениците во ОУ „Св. Климент Охридски“ како “играат“ нивните деца?. Не дека не треба да играат па и на куќичка на дрво, ама на десетина метри од земјата без никаков надзор е повеќе од опасно.


Опасна детска игра

Ohridnews