Опасен вирус се шири на „Facebook“ и на другите програми за комуникација, соопштија од компанијата Тренд Микро, кои ги предупредија корисниците да внимаваат доколку преземат некоја порака од пријателите, во која се наоѓа линк на некоја непозната страница, пренесува „Макфакс“.
Од Тренд Микро предупредија дека со отворање на линкот доаѓа до данлодирање на вирусот, по што вирусот ја онеспособува и ја отстранува антивирусната програма која е инсталирана на компјутерот.
Доколку се инсталира овој вирус, од Тренд Микро информираат дека со него може да се преземе контрола врз компјутерите и потоа да бидат искористени за крадење на лични податоци, како на пример податоци за банкарски сметки.
Исто така, компјутерите кои се заразени со вирусот можат да се искористат и како таканаречени „Зомби компјутери“ во „DDoS“ хакерски напади врз интернет страници.
Тренд Микро предупреди дека опасниот вирус не се шири само преку „Facebook“, туку и преку другите инстант месиџ програми.
извор:„Макфакс“