Дневните температури од денеска ќе опаднат за неколку степени и ќе биде посвежо. Во Охрид според синоптичарите по вчерашните 36 степени Целзиусови, денеска ќе имаме сончево, но ветровите време со максимална температура до 30 степени. Ваквото време според најавите ќе се задржи и во наредните неколку денови.
По жешкиот бран што ја зафати земјава во изминатите денови се отвори дилемата дали државата треба да прогласи вонредна состојба, за што според надлежните државни органи нема основа.
Од Центарот за управување со кризи состојбата со високите температури во Македонија ја оценува како некритична и таа не отскокнува од регуларните размери со оглед на тоа дека станува збор за летен период. Тоа значи дека не станува зобор за никаква криза, велат од Центарот.
Оттаму информираат дека од денеска во Македонија се очекува благо заладување со струење на посвеж воздух од север, при што температурите ќе опаднат за 3 до 4 степени Целзиусови. Од четврток во Македонија ќе дува ветер од северен правец што дополнително ќе ја намали температурата на воздухот.
Г. Момироски